Со камења по возилото на Ахмети

0
453

Група демонстранти се обиде да го попречи партискиот собир на ДУИ во кумановско Черкези, објави Алсат-М. Предводени од роднините и пријателите на Командант Шќипоња, кој беше убиен минатата година, демонстрантите ги блокираа улиците, но беа спречени од полицијата во намерата да не му дозволат на Ахмети да го одржи собирот.

Револтираните демонстранти фрлале со камења кон возилата во кои се наоѓаа претседателот на ДУИ и другите функционери од оваа партија, кои во придружба на полициските сили успеаја да влезат во објектот каде беше организиран собирот.