Со камперите во Автокампот „Крани“

0
1339

Од месец мај па до крајот на септември, пензинерите скоро од цела Македонија се сместуваат во камп приколките во Автокампот Крани на Преспанскиот брег. Тоа велат го прават во изминатите 4 години, откако Автикампот Крани од 2014 година па наваму комплетно го ревитализира и реновира познатиот угостителски бренд „Капри“.

Во минатото Автокампот Крани беше една од најпосетуваните дестинации на оваа езеро. И тој камп како и многу други објекти во едно време беа оставени да пропаѓаат, но сега како што велат посетителите се враќа сјајот. Менаџерскиот тим на овај автокамп со новитети за годинава. Ако минатата година имале 42 бунгалови, сега имаат уште нови 8 апартмани.

Од таму велат дека оние кои што биле минатата година, се враќаат повторно и им носат нови туристи.Сместувањето за еден ден во бунгаловите го наплаќаат од 20 до 25 евра, резервации може да се направат и за полупансион и полн пансион .Од Автокампот Крани велат дека уште со стартот на летната сезона 70 % од капацитетите на бунгаловите биле резервирани

Покрај уредената плажа, бунгаловите и камп приколките  Автокампот Крани располага и со ресторанска сала за организаирање на свечености спортски терени, како терен за одбојка на песок, тврди терени за кошарка, ракомет и мал фудбал .

Без коментари