Со кои проблеми се соочуваат малите и средните претпријатија?

0
261

Имплементацијата на Законот за работни односи, даноците и царините, Законот за заштита при работа и Законот за животна средина претставува најголем проблем за средните и малите претпријатија. Во  насока на поефикасно имплементирање на законите во Република Македонија преку проектот на Усаид „ Партнерство за подобра бизнис регулатива „, денес во Битола се одржа форум на „Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности: нотари, извршители, адвокати, сметководствени бироа и консултанти.

-Во рамки на проектот се развија и алатки за да можеме сето тоа што компаниите го бараат како измени и промени во законите и сето она што нив им смета во самото работење да го испратиме до институциите на државата, за да можат да се направат соодветните измени, или пак да се адаптираат законите согласно потребите на малите и средните претпријатија, изјава Јадранка Ризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Овај проект е 4 годишен во кој што партнери се 5 институции ЕПИ Центарот Интернационал како компанија и лидер во проектот, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора Северозападна Македонија, Стопанската Комора за информатичко технолошки компании и Сојузот на Стопански комори.

На денешниот форум присуствуваа и екперти

-Идејата за моето присуство е да го пренесеме нашето искуство тука, од Естонија, Чешка, Бугарија и Романија, посебно во делот на електронските услуги. Има неколку приуритети според мене , првиот е она што се нарекува интершип, вториот се проблемите со договорите меѓу оние кои работат ај-ти компаниите и нивните работодавачи, и третиот приуритет е извештај од електрониката односно функционалност, заради која компаниите имаат причина да работат. Сите приуритети се решени доста брзо. Македонија многу личи на Романија, за разлика од Бугарија која во рамки на трговијата на бившиот Варшавски договор имаше монопол 10 години, Македонија и Романија започнуваат од нула. Затоа е вашно да се има бизнис план да можат компаниите брзо да работат, да продаваат и да си ги задржат луѓето, изјави Красимир Станчев, експерт од Р.Бугарија.

Проектот е финансиран од Америкјанската агенција за меѓународен развој.

 

 

 

Без коментари