Со комби удрил во верници, еден мртов

0
930

Еден човек загина, а 10 лица се повредени, откако човек со комби влетал во верници кај џамија во северен Лондон.

Комбито удрило во луѓето откако се качило на тротоарот веднаш по полноќ во близина на џамијата Финсбури парк. 48-годишниот напаѓач е уапсен, јави Би-би-си.

Министерката за внатрешни работи Амбер Руд рече дека нападот се третира како „терористички инцидент“.

Очевидецот Абдул Рахман изјави дека возачот рекол дека сака да „ги убие сите муслимани“.

Рахман рекол дека тој го удрил човекот и помогнал да биде совладан.

„Кога човекот излезе од своето комби, сакаше да избега и велеше: ‘Сакам да убивам муслимани’. Сакам да убивам муслимани’.“

„Го удрив по стомакот… а потоа јас и другите момци… го легнавме на земја и не можеше да мрдне. Го држевме додека дојде полицијата.“