Со крап и пастрмка порибена акумулацијата Стрежево

0
1031

Денес ЈП Стрежево во согласност со годишниот план за заштита и спасување и риболовната основа изврши порибување односно збогатување на рибниот фонд на акумулацијата Стрежево со рибен подмладок од крап и автохтона македонска поточна пастрмка кој потекнува од Акватика-Неготино.

ribi

Акумулацијата е порибена со крап во вкупна количина од 170 килограми со просечна маса на порибителниот материјал од 100-500 грама односно околу 1000 единки

ribcina

Пастрмката е во вкупна количина од над 150 килограми со просечна маса на порибителниот материјал од 20-50 грама односно повече од 5000 единки.

krap

Според динамиката и предвидените активности, порибувањето ќе продолжи и во следната 2017 година, изјави Александар Вангеловски ЈП Стрежево