Со кредит ќе се градат 7 улици во касарната

0
595

Општина Битола и градежната компанија „Гранит“-Скопје денеска потпишаа договор за изградба на седум улици со комплетна инфраструктура во поранешната касарна во Битола.

-За овој проект побаравме задолжување до 2,5 милиони евра од Министерството за финансии и Светска банка и добивме согласност. Во текот на тендерската постапка цената беше спуштена на над 1,5 милиони евра и со тие средства ќе се врши изградба на водоводна мрежа, атмосферска канализација, електрификација, асфалтирање и се што е потребно за седум улици во просторот на поранешната касарна, истакна Талески.

Станува збор за инвестиција во поранешната касарна и населбата „Златен рид“ која ќе заврши за 15 месеци со што за тој дел на градот ќе биде обезбеден целосно нов лик, посочи градоначалникот на општина Битола Владимир Талески по потпишувањето на договорот.

Тој потврди дека општината ќе може да ги користи сите средства од задолжувањето за инфраструктурно вложување во касарната по завршувањето на првиот дел од овој реконструктивен зафат со кој ќе биде регулирана сообраќајната комуникација на дветретини од просторот на поранешната касарна и новоизградените улици ќе бидат поврзани со главните сообраќајни артерии во тој дел на градот.

Без коментари

LEAVE A REPLY