Со куршум во глава убиен Дилавер Бојку

0
3483

Дилавер Бојку – Леку, познат криминалец и осуденик за органзиирање нелегална проституција во селото Велешта, денеска е убиен со куршум во глава, на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица.

Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата Болница во Струга со прострелна рана во глава, каде од страна на докторите била констатирана смрт.

Во моментов се уште трае увид на местото на убиството, а МВР подоцна ќе излезе со детални информации за  настанот.

Без коментари