Со куршум во ногата повреден член на ИО на СДСМ Битола

0
1776

Попладнево во Битола  се случи инцидент во кој со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, член на Извршниот одбор на СДСМ во Битола и поранешен пратеник.  Настано се случил во населбата Карпош.

Петковски во тој момент разговарал со неколкумина свои пријатели на тротоар. Не се знае дали е намерно пукано во него или станува збор за заскитан куршум.

Веднаш бил пренесен во битолската болница,  по извршена  интервенција на левата натколеница изваден е куршумот,  а Петковски е пратен на домашно лекување.

Полицијата доцна попладнево вршеше увид на местот на настанот.