Со Лада удрил во бетонски столб

0
723

На 02.03.2016 година во 03.00 часот во Прилеп на ул.„Карпалак“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Лада“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост и управувано од З.В. (47) од Прилеп, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб. Во незгодата З.В. и сопатникот Р.И. се здобиле со тешки телесни повреди. Истите се задржани на понатамошно лекување во ОБ во Прилеп.