Со Лего коцки до поинтелигентно дете

0
495

Заедно со дечињата и Тера телевизија на демо часот во STEM Aкедемијата. На часот големо внимание кај дечињата привлече токму овај слон робот

Основната цел на програмата е да им се овозможи на децата да ги разберат основните научни концепти, концептите за дизајн и технологија од најраната возраст, со лего коцки.

– Ова низа од програми не само за деца од 5 години туку и продолжува и понатаму каде што сега децата се запознаваат со основите, понатаму преминуваат во роботика , прават сериозни задачи со одредени проблеми , и она што им е најинтересно е токму склопувањето и играта, изјави Жарко Поп Илиев, STEM Академијата– Скопје

Во тек се уписите за дечиња од 4 до 7 годишна возраст, а знаењето на најмалите пренесено е од стручни обучени едукатори.

-Додека децата ги склопуваат и ги прават овие наменски активности тие учат како научниот концепт влијае на моделот и истовремено ги откриваат начините на кои функционираат работите околу нив, изјави Тања Стојковска , едукатор

Од час во час се зголемувал интересот кај дечињата за посета на часовите во STEM Академијата

– Програмите се развиени  од LEGO® Education и повеќе од 20 години покажуваат извонредни резултати насекаде во светот. Програмите се прилагодени на возраста и во нив децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат LEGO® елементи, го наоѓаат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици, вели Жарко Поп Илиев STEM Академијата- Скопје.

Програмите се наменети за деца од 5 до 12 години, со времетрање од 26 часа, кои се посетуваат еднаш неделно , а секој час трае 75 минути.