Со лопати го гасеа огнот на Пелистер

0
5392

25 луѓе со 5 џипа членови од Здружението „Оф роуд“ клуб Пелистер од Битола синоќа во 20 часот тргнаа на Пелистер да помогнат во гасење на пожарот.

-Тргнавме во 20 часот, таму бевме околу 22 часот. Имаше големи пламени јазици. Таму беа пожарникарите од ТППЕ од Битола кои не одвраќаа од намерата да слеземе на лице место и да почнеме да го гасиме пожарот. Теренот беше лош, имаше голем ветер, дополнителен проблем беше тоа што, како што ни беше речено, теренот бил миниран и имало неисчистени мини и гранати.

Но и покрај тоа, желбата кај нас беше голема да се слези и да се помогне во гасење на пожарот. Од опрема имавме само лопати. Со нив успеавме некако пожарот да го локализираме некаде околу 3 часот по полноќ. Останавме да дежураме до 7 часот утрово, во случај пожарот повторно да се активира. Освен членовите од нашето здружение имаше и други граѓани кои што индивидуално дојдоа и помогнаа да се изгасне пожарот, рече Томче Ристев член на Здружението „Оф роуд“ клуб Пелистер од Битола.

Без коментари