Со мерцедесот удрил во две куќи и тешко се повредил

0
2292

На 15.04.2017 година во 18,40 часот во Битола на ул.„Никола Тесла“ се случила сообраќајна незгода во која Р.Ч. (48) од Битола управувајќи ПМВ „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во куќно броило сопственост на ЕВН поставено пред куќа при што ја оштетил фасадата од куќата како и агол од друга куќа, а потоа го напуштил местото на настанот. Возачот поради здобиените повреди сам се јавил во КБ-Битола при што му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на 6-то лево ребро) и исечен јазик, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.