Со Милчо Манчевски се сретнавме на фестивалот Браќа Манаки

0
379

Годинашен добитник на специјалната награда Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски. Тој на фестивалот „Браќа Манаки“ одржа мастер час, а наградата свечено ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на 30 септември.

Фестивалот се отвори со краткиот филм „Крајот на времето“, чија светска премиера беше во Колорадо, а е америкаснко кубанска копродукција.

Најновото филсмко остварување на Манчевски е филмот Бикини, станува збор за прв долгометражен филм на Милчо Манчевски во САД, по епизодата на серијата „Прислушкувачи“ (The Wire), која тој ја режираше за „Ејч-Би-О“ во 2002 година.

Бикини се снимаше на повеќе локации низ Њујорк, како и во едно бруклинско студио и е првиот филм на Манчевски во кој не учествува Македонија.

Неговите македонски филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ја презентираа македонската култура на сите шест континенти, со комерцијална дистрибуција во над 50 земји, проекции на над 200 фестивали и над 40 меѓународни награди, меѓу кои и „Златен лав“ во Венеција и номинација за Оскар.

Специјалната камера 300 не е прва награда на Манчевски на ИФФК.Браќа Манаки, имено пред неколку години него му беше доделена Големата звезда на македонската кинематографија која ја доделува друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Повеќе од разговорот со Манчевски во видеото во продолжение.

 

Без коментари