Со музика до хуманост

0
496

Музичари од Република Македонија и Република Грција, викендов во Битола, одржаа заеднички хуманитарен концерт.
Концертот се одржа во големата сала на НУ Центар за култура-Битола, а настапија хорот „Екфраси” од Солун и мандолинскиот оркестар „Стив Наумов” од Битола.
Концертот заеднички го организираа Здружението на Битолчани од Солун „Картериа”, Здружение за пријателство и соработка со Грција „Пелагонија” и Лајонс клубот Битола. Приходите од собраните средства на овој културен настан ќе бидат наменети за купување облека за деца без родители. Со оваа хуманитарна активност и донација битолските Лајонси, продолжуваат да ги реализираат програмските содржини посветени на големите јубилеи 100 години лајонизам во светот и 20 години лајонизам во Македонија, а во чија основа се помошта и поддршката на лицата кои имаат потреба од некаква помош.

На концертот и забавата која после истиот следуваше, учествуваа Лајонси од Грција со што се отвораат можностите за идна меѓусебна соработка.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY