Со нелегална сеча заработил кривична

0
549

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, ПС Кичево поднесе кривична пријава против Г.С. (45) од кичевското село Другово. Тој во својство на службено лице- самостоен референт во Јавното претпријатие  Македонски шуми“, ја злоупотребил службената положба и овластување и ги пречекорил своите овластувања. На 14 јули годинава, пријавениот незаконски односно спротивно на Законот за шуми, на лицето П.Л. од Кичево му дозволил сеча на 10 м.3 огревно дабово дрво овозможувајќи му материјална корист во висина од 8.217 денари и штета на имотот на Република Македонија во висина од 70.000 денари. Тоа го направил иако знаел дека П.Л. не доставил комплетна документација по што изготвил одобрение за сеча на огревното дабово дрво на катарстарската парцела во месноста Белица заведена во имотен лист како култура-нива за која не е потребен геодетски елаборат. Потоа во соседната катарстарска парцела за која е потребен геодетски елаборат, жигосал дабови стебла во количина од 10м.3м со што на физичкото лице од Кичево, кое не доставило таков елаборат му овозможил против-правна сеча на дрвна маса и нелегална имотна корист.

Без коментари

LEAVE A REPLY