Со нови подморници Русија ќе крстари по светските мориња

0
284

Некои геополитички аналитичари тврдат дека балансот на воената моќ во морињата околу Европа наскоро би можел драстично да се промени во полза на Русија, наспрема сегашната состојба во која приматот го имаат наутичките сили на НАТО и Западот.

Според московската новинска агенција „Спутник“, оваа промена на балансот на воената моќ би можела да се должи на пуштањето во употреба на првата супер моќнануклеарна подморница од класата „бореј-А“, која носи кондо име „Кнез Владимир“

– Ова подводно можно оружје ќе ѝ биде испорачано на руската војска во текот на 2018. година – изјавил директорот на Централното конструкторско биро за поморска техника „Рубин“ Игор Вилјнит за медиумот.

Тој ги информирал новинарите дека до 2020 година вкупно 8 нуклеарни подморнициод оваа касата ќе ѝ бидат испорачани на руската армија за употреба.

Вилјнит за медиумот објаснил дека станува збор за подморница која може да се користи како тактичко оружје чија должина изнесува 170 метри, а широка е 13,5 метри а на себе може да понесе 16 интерконтинентални балистички ракети од типот „Р-30 Булава“.