Со новото видео Инструментал бенд ја расплакаа Македонија

0
1538

Инструментал бенд со видеозапис и преработка на големиот хит „Полско цвеќе“ ја одбележа 10-годишнината од трагичната смрт на нашата музичка легенда Тоше Проески.
– Со проектот „Полско цвеќе“ сакаме да ја одбележиме 10-годишнината од немилиот настан, кој го завитка целиот регион во црно, но и да ги потсетиме сите дека Тоше сѐ уште живее во нашите срца. Изразуваме огромна почит и благодарност кон сѐ што направи и веруваме дека неговите дела ќе живеат вечно – велат членовите на бендот.

Преработката на песната е во продукција на Михајло Манојловски, а видеозаписот е снимен во режија на „Куба видео“ на неколку локации во Крушево, на брегот на Преспанско Езеро и во националниот парк Пелистер. На видеозаписот се појавува уметникот Александар Поповски, сликајќи го портретот на Тоше, но и кавалџијата Алекс Петковски.

Претходниот период овој бенд беше предгрупа на Жељко Самарџиќ, Министарке, Цеца.

Наскоро најавуваат нова песна и тоа авторска, а викендов ги забавуваат битолчани во Расчекор и House of Manaki.