Со нож нападната француска наставничка, напаѓачот извикувал „Ова е ИД“

0
312

Во училиште во париското предградие Абервил во Франција со нож била нападната наставничка. Засега нема информации за нејзината здравствена состојба. Според Јавниот обвинител, кој извршил увид, во момент кога наставничката се подготвувала за час, ја нападнал маж кој извикувал ова е Исламска држава, ова е предупредување.

Според првичните информации напаѓачот и нанел тешки повреди на наставничката со ножици.

Инаку во Франција нивото на мерки на безбедност е се уште на високо ниво по терористичките напади на 13 ноември, кога загинаа 130 луѓе.