Со оган го блокираа патот над Битола

0
892

И вечерва жителите од ромската населба над Битола го блокираа магистралниот пат кој ги поврзува Прилеп и Ресен. Запалија отпад на самиот пат и со жив штит го блокираа минувањето на возилата, незадоволни од проблемот со елекринчната енергија. Пред неколку дена исто така го блокираа овој пат повикувајќи ги надлежните да се појават таму и да му го решат проблемот.

12083804_10205582820876126_473255190_n

Како што веќе рекоа од ЕВН Македонија електричната енергија во оваа населба не е исклучена, туку заради енормна потрошувачка реагира заштитата на трафостаниците. Екипите на ЕВН ќе ги заменат осигурувачите, но апелираат разумно да се користи електричната енергија. Таму мрежата е нова, реконструирана и е со капацитет да го издржи нормалното користење на електрична енергија или поточно двојно повеќе од пријавената потрошувачка.

12388023_10205582821356138_1272955761_n

12380108_10205582821476141_1662387297_n