Со оган повторно го блокираа патот над Битола

0
675

Револтирани заради проблемите со струјата, Ромите од населбата над Битола и викендот го блокираа магистралниот пат Прилеп – Битола – Ресен. Запалија отпад на самиот пат и со жив штит го блокираа минувањето на возилата, незадоволни од проблемот со елекринчната енергија.

Пред една недела исто така го блокираа кога ги повикаа надлежните да се појават таму и да му го решат проблемот и се пожалија дека живеат во субстандардни услови.

Од ЕВН како што веќе рекоа дека никој не е ослободен од плаќање електрична енергија, туку компанијата само ја поддржа владината акција за отпишување на долговите на социјалните случаи. Со таа акција се отпишале старите долгови за потрошена електрична енергија на социјално ранливите семејства. Плаќањето на редовните сметки е обврска на секој од нас или секој плаќа за тоа што го има потрошено, велат од ЕВН. Електричната енергија во оваа населба не е исклучена, туку заради енормна потрошувачка реагира заштитата на трафостаниците. Екипите на ЕВН ќе ги заменат осигурувачите, но апелираат разумно да се користи електричната енергија. Таму мрежата е нова, реконструирана и е со капацитет да го издржи нормалното користење на електрична енергија или поточно двојно повеќе од пријавената потрошувачка. Но неможе да издржи кражби кои во ова населено место ги имало во голем број каде било регистрирано неовластено користење и самоприклучување на оние кои се исклучени поради неплаќање. Од сето тоа штета трпат и оние кои редовно плаќаат и целата дистрибутивна мрежа, велат од ЕВН.

12380108_10205582821476141_1662387297_n

Од СВР Битола велат дека магистралниот пат Прилеп Ресен беше блокиран од од 16.50 до 21 часот а минатиот викенд од 15:00 до 19:40 минути. Полицијата вршеше обезбедување на просторот и регулација на сообраќајот. Додека беше блокиран патот, сообраќајот беше пренасочен преку сообраќајниците низ градот. После завршувањето на блокадата, Македонија пат го расчисти патот.