Со откинување на првото јаболко започна „Преспанскиот јаболкобер“

0
1315

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ денеска официјално почна годинашната берба на преспанското јаболко. Бербата почнува традиционално на големиот христијански празник Крстовден, а бериќетен род на ресенчани им посакаа заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски и претставникот на ОН и УНДП во Македонија Луиза Винтон.