Со патрон од ловечка пушка повредено момче во демирхисарско

0
785

На 30.01.2016 година околу 16,00 часот на планинскиот дел над с.Боиште-демир хисарско, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал  со дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21). Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на ИМП пренесен во КБ-Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во УЦ-Скопје. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY