Со пиштол и нож им се заканиле, ги натепале и ограбиле

0
787

На 04.11.2016 година во Битола во с.Горно Оризари две непознати лица, преку балконската врата влегле во домот на М.И.(78) од Битола, при што со закана со пиштол и нож извршиле разбојништво, над него и неговата сопруга кои во моментот спиеле. Откако се разбудиле, лицата физички го нападнале М.И. удирајќи го во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди,  при што им го одзеле златниот накит, мобилен телефон и 2.000 евра, стекнувајќи се со противправна имот на корист од околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.