Со плински боци в кола, удри во зградата на судот

0
2387

фото: социјални мрежи

Рано утрово во 04:00 часот од судската полиција на Основниот суд Битола во полицијата било пријавено дека пред скалите кои водат до главниот влез на зградата со голема брзина, од спротивен правец на режимот на возење влетало патничко моторно возило Ауди 4 со битолски регистарки таблички, управувано од Н.М. ( 67 ) кој со намера завртил на левата страна и преку ивичњаците на улицата удрил во столбовите и жардињерите пред главниот влез на судот.

Како што соопшти битолската полиција, претходно имало самозапалување во возилото, односно избувнал пожар во внатрешноста, каде имало две пластични туби со непозната запалилва течност, две мали боци со плин и една голема 25 литарска боца со плин во багашникот која била со отворен вентил.

Интервенирала и противпожарната единица на градот.

Предниот дел на возилото било целосно оштетено, а опожарена била и внатрешноста.

Полицијата вели дека се работи за лице кое денеска требало да се јави за издржување на десет годишна казна затвор за кривично дело полов напад врз малолетник кој не навршил 14 година.

Бил пренесен на клиникаат во Битола, а од таму во градската болница во Скопје.

Полицијата ќе се поднесе кривична пријава, рече порпаролката на СВР Битола Сања Стаматова.

Неговиот адвокат вели дека не сака да ја коментира пресудата, оти пресудите не се коментираат, но вели дека неговиот клиент бил незаводолен и сметал дека е оштетен со предудата, која пак за жал како што вели Ѓоргиев, била потврдена и од Врховниот суд.