Со пораз во Штип, Пелистер се збогува од Првата лига

0
233

Брегалница – Пелистер 2:0 (0:0)

Како почна, така и заврши оваа негативна пролет за фудбалерите на Пелистер. На почетокот од март пораз од Брегалница во Битола со 0:1, сега во Штип со 2:0. Пелистер со нов пораз се збогува од најсилната конкуренција кај нас, откако Брегалница уште еднаш ги победи за да ја заокружи фантастичната серија на штипјани од 14 меча без пораз во низа со само еден примен гол и севкупно само еден пораз во 17 меча и вкупно два примени голови пролетва. Стефан Мишев и бившиот пелистерец, бугаринот Николај Христов по еден час игра, за девет минути ги решија битолчани. Сега е на ред комплетно нова слика за битолчани да се подготват за тешката борба во Втората лига за промоција во повисок ранг.

Без коментари

LEAVE A REPLY