Со постара терапија во борба против хепатитот

0
842

Во Македонија се користи постара терапија за хепатит , а светот ги користи новите медикаменти и терапии. Се чека зелено светло од здравствените власти во државата за да може да бидеми и ние како држава на списокот која ќе може да ја користи новата терапија, вака велат од Хепар центарот во Битола. Годинава хепар центарот од Битола заедно со СЗО и Светската Алијанса за борба со хепатитот по четврти пат ќе се вклучат во одбележувањето на 28 јули Светскиот ден за борба против хепатит

hepar 3

-Последните податоци говорот дека постојат нови лекарста и медикаменти кои што овозможуваат комплетна елиминација на хепатитот. Ние користиме позастарена терапија која има ефект, и чекаме одговор од здравствените власти во Македонија дека и овие постари терапии во склоп со новите ќе придонесат во иднина да дојде до елиминација на оваа болест. Многубројни организации од светот го прославуваат овај ден со слоганот „Не хепатит, за новите генерации“, изјави Милан Мишковиќ Хепар Центар Битола

Се предвидува дека до 2030 година ќе се елиминира хепатитот на глобално ниво.Со цел подигање на свеста кај луѓето за оваа болес, утре Хепар центарот заедно со Центарот за јавно здравје од Битола ќе вршат акција за бесплатно анонимно тестирање за хепатит од 11 до 13 часот, после 13 часот во Бар чаршија ќе се одржи крводарителска акција а вечерта со почеток од 21 часот музички хепенинг на Широк Сокак. Колкав е бројот на заболени лица во Македонија од хепатит нема точна информација, но според статистиката од здравствените власти 1% од населението е заразено со хепатит

hepar naslov

-Последните податоци на СЗО говорат дека 400 милиони жители на земјината топка имаат вирус хепатит Б или Ц што значи дека трансмисијата е огромна . Овие настани се за подигнување на свеста а и намалување на стигмата за оваа болест . Проблем е тоа што доста луѓе го имаат овај вирус а не се свесни за тоа, додаде Мишковиќ

Се препорачува тестирањето да се врши еднаш во годината бидејќи не преземањето превентивни мерки подоцна предизвикува поголеми проблеми.Светскиот ден за борба против хепатитис се одбележува од 2010 година во чест на професорот Барух Блумберг, кој добил Нобелова награда за откирвање на хепатит Б.