Со посветена работа може да се натпреваруваме и со најсилните

0
1084

Потребни се луѓе со високи цели, образовани и мотивирани кои со сиот свој капацитет ќе се вложат Република Македонија со брзи чекори напред да ги достигне сите сегменти кои се репер на развиените европски демократии. Одговорот на предизвиците со кои се сочувала и ќе се соочува Македонија можат да го дадат добри политичари, луѓе со чувство, визија, кои знаат што прават и напорно работат да ги исполнат целите кои си ги имаат поставено, порача Премиерот Никола Груевски на отворањето на политичката академија „Јакнење на капацитетите на младите и жените во политиката”.

Ако се сака и посветено се работи, рече, може да се постигне многу и да се натпреваруваме со најсилните во светот.

– Како доказ ќе го земам примерот со последниот извештај на Дуинг бизнис на Светската банка. Во овој извештај пред нецели десет години бевме на 96 место во светот, денес на 12-тото, а на шестото во Европа, веднаш после Англија и четирите скандинавски држави. Пред десет години бевме зад многу држави од регионот, а денес сме лидери во ЈИЕ па дури и пред земји како што се Германија, Австрија, Франција, Холандија, Јапонија… Тоа е пример дека ако се сака и ако се работи напорно и континуирано може да се постигне многу, рече македонскиот премиер.

Додаде дека од овие причини ВМРО-ДПМНЕ во годините назад активно работи на постојана едукација на сопствените кадри со цел, како што потенцира, воспоставување нови и повисоки стандарди во политиката и политичкото работење во нашата држава.