Со потпис се обврзаа и си подадоа рака за фер кампања

0
1066

Кодекс за фер и демократски избори вчера синхронизирано потпишаа сите кандидатит за градоначалниците во сите општини во Македонија. Точно напладне во 12 часот.

Во Битола Петровска од СДСМ, Илиоски од ВМРО ДПМНЕ и двајцата независни кандидати Огненовски и Ташков го потпишаа кодексот и си подадоа рака за фер избори.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на РМ, дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат овој Кодекс, дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на РМ, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Тие недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи, финансирани од Буџетот на РМ, буџетите на општините и град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Учесниците во изборниот процес, исто така, недвосмилесно се обврзуваат дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на каква било закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на која било политичка партија или кандидат.

Без коментари