Со реконструкцијата до 100 деца повеќе во градинката „Пролет“

0
1259

Од 75 до 100 деца повеќе во наредниот период ќе можат да се згрижат во градинката Пролет. Се планира нејзино проширување. Најверојатно, како што рече директорката на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара , ќе се реши проблемот со згрижување на децата, кои поради исполнет капацитет  беа на листа на чекање. Градинката го добила одобрението на 9 ти јуни, после 15 дена станува провосилно, а после тоа следи постапка за јавна набавка на тендер, а по завршувањето на јавната набавка ќе се започне со изведбата

– Добиено е оддобрение за надградба на детската градинка Пролет, кое што значи зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст. Некаде од 75 до 100 деца. Надградбата ќе биде над амбулантата во детската градинка Пролет, ќе се поврзе со горниот кат каде што згрижуваме деца од 8 месечна возраст до 3 ггодишна возраст. ЌЕ се зголеми и квалитетот за згрижување на децата , бидејќи оваа надградба ќе биде изведена спореде најновите стандарди за изградба на детски градинки, а исто така ќе се зголеми и квалитетот за работа на условите за работа на вработените во градинката, затоа што со оваа надградба е предвиедено и инасталирање на ливт со кој што ќе се носи храната и други намирници за горниот кат. Со надргадбата всушност ќе постигнеме да го намалиме бројот на деца кои што чекаат за згрижување во објектот, и сметаме дека таму ќе нема проблем со листа на чекање, изјави Лидија Петровска директор на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара

Инаку согласно член 60 став 3 од законот за заштита на деца, доколку има поголем интерес за прием, тогаш одлучува комисија која ја формира УО на установите и која што утврдува критериуми за работа а за кои што согласност дава и Советот на општина Битола.

За целодневно згрижување, приоритет имаат децата чии што двајцата родители се вработени, дете со самохран родител, потоа дете кое што боледува од некоја болест и дете чиј родител е на издржување на казна затвор.