Со сатар го удрил в глава

0
997

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.А. (23) и Б.М. (30), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.01.2016 година во 07.50 часот во Битола пријавените физички го нападнале Н.Д. (25) од Битола, при што М.А. со сатар го удрил во пределот на главата, а Б.М. со нож му нанел расекотини по телото. По ова, оштетениот бил пренесен во клиничката болница – Битола каде му биле контатирани телесни повреди.