Со што, со кого во Европа-претстава од БиХ презентирана во Битола

0
173

Во Интимниот театар во Битола а во организација на почесниот Конзулат на Босна и Херцеговина, гостуваше актерот Драган Тешиќ од Драфт театарот од Тузла- Босна и Херцеговина со монодрамата „Со што, со кого, во Европа? .
Се работи за интерактивна и мултимедијална стенд ап комедија, која на специфичен начин, ја третира актуелната политичка ситуација во БиХ.
Автор и режисер е Драган Тешиќ а гостувањето во Битола е дел од турнејата низ земјите од балканот.

Intimen_Teatar_-_3.jpg
Претставата е правена да е блиска до публиката, текстот е актуелен а приказната како што вели Тешиќ- е балканска и универзална.
Премиерно претставата беше изведена на фестивалот Театар без граници и наиде на одлични реакции кај публиката.Истата го отвара прашањето на тн. мал човек и сите промени во општеството, односите помеѓу луѓето,влијанието на големите сили.

 

 

Неда Маретиќ