Со „синџири за чизми“ го совладува снегот и мразот

0
1647

Слаб снег од синоќа во Битола. Утринската -12 степени. Она што сега прави проблем е новата снежна покривка која го покри мразот онаму каде што го имаше.


Се чистат сообраќајниците низ градот, а почна механизацијата и на некои од тротоарите.


За минувачите сега најголем проблем се тротоарите.


Има и препораки без голема потреба да не се излегува од дома, но велат дека мораат.


А како да се излезе од дома, а да не се слизнете и паднете? Денеска сретнавме едно решение.


„Си имам синџири за чизми, ќерката од Америка ми ги прати. Да ги немав нив, немаше да излегувам по вакво време“ вели нашиот сограѓанин.


Машина и на Широк сокак ја чистеше пешачката патека.


И утре времето ќе биде  студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.