Со соопштение и видео се огласија Чкембарите

0
1697

Откако полицијата соопшти дека по вчерашниот инцидент во Кочани се приведени пет лица од Битола, денеска се огласи и навивачката група Чкембари која на Youtube објави свое видео, а под него и следното соопштение.

„ По завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Брегалница – Пелистер одигран во Кочани, дојде до физички напад на навивачката група Чкембари од страна на неколку лица од Штип/Кочани и од полицијата, при што со сериозни повреди се здобија неколку наши членви. Имено по завршувањето на натпреварот по тргнувањето спрема Битола, нашиот автобус беше нападнат со камења од страна на домашната публика. Веднаш автобусот застана и излегоа неколку членови и реагираа кон напаѓачите. Наместо полицијата да не заштити и безбедно да не спроведи кон Битола тие брутално не нападнаа и употребија несоодветна сила спрема нас. Денес во медиумите гледаме пласирање на невистини и напади кон нас, осуди за нашето однесување, а никаде осуди за насилничкото однесување на оние кои треба да спречат насилство. ПРАВДА ЗА НАВИВАЧИТЕ !!!“ стои во нивната реакција на социјалните мрежи.