Со спектаклот Кармина Бурана отворено 55-тото издание на Охридско лето

0
224

Едно од најмаркантните дела на 20-от век, сценската кантата „Кармина Бурана” на германскиот композитор Карл Орф, доживеа модерна изведба преку шпанската продукција „Ла Фура дел Баус”.Токму таквата изведба го отвори овогодинешното 55-то издание на фестивалот „Охридско лето”.Ла Фура дел Баус заедно со Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, приредија сензационално, музичко, театарско и енергично шоу.Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој како покровител на манифестацијата го прогласи за отворено 55 издание на Фестивалот, посочи дека „Охридско лето” не збогатува со музички, сценски и ликовни дела.Во името на уметниците се обрати режисерот Љубиша Георгиевски, кој нагласи дека уметниците се тие што создаваат надеж за светот.Цилиндар со дијаметар од 10 метри ја опкружуваше сцената на Антички театар, додека на него беа проектирани слики на гигантна месечина, топење на мраз, гроздобер во живо, вино, вода и оган.Солисти во вода, уметници качени на кранови, актери кои се движат помеѓу публиката, хор и оркестар со врвна професионалност и постојани надреални визуелизации, можеше да види публиката на отворањето на Охридско лето.Античкиот театар беше преполн, многубројна домашна, но и странска публика присуствуваше на грандиозната изведба на врвната „Кармина Бурана” од Карл Орф.Во Кармина Бурана настапија солистите-Беатриз Дијаз ,Хозе Мануел Дијаз, Василиј Корошев, Лука Еспиноса, под диригенстка палка на уметничкиот директор, домаќин на Светскиот оркестар во ШпанијаЈозеп Висент.Песедет и петтото издание на Фестивалот„Охридско лето” ја продолжува универзалната мисија на рамноправен натпревар на сите врвни уметнички вредности и остварување на новите визии со уште повисоки дострели во европските и светските културни простори.Јубилејното издание на Охридско лето, нуди богата програма на настапи на светски музички уметници како и драмска програма која започнува со претставата Неопланта во режија на Андраш Урбан.

Неда Маретиќ

Без коментари

LEAVE A REPLY