Со срце на терен, со срце за Пелистер, со срце за Битола

0
838

Со пиротехничко шоу на Чкембарите и излегувањето на бината на фудбалерите,

започна неколку часовната забава на Широк Сокак по повод освоениот Куп на Македонија и излез во Европа на битолски Пелистер.

– Со срце на терен, со срце за Битола со срце за Пелистер-изјавија фудбалерите.

Во Струмица, Пелистер ја совлада тетовска Шкендија по изведувањето на пенали.

За битолчани ова е втор трофеј во Купот на Македонија откако пред 16 години, односно во 2001-година во финалето ја совладаа Слога Југомагнат. Со овој успех Пелистер обезбеди место во квалификациите за Лига Европа.

Баже Илијоски се запишува во историјата на македонскиот фудбал, сега и како осамен рекордер по бројот на постигнати голови во шампионатите од македонската Прва лига.

Стигна до бројката од вкупно 126 голови со што го надмина легендарниот Зоран Бошковски – Чоко кој имаше 125 голови во својата кариера на домашната прволигашката сцена.

И покрај студеното време стотици битолчани се собраа на најориенталната улица на Балканот и неколку часа се забавуваа. Сите кафе барови беа преполни со млади и стари навивачи на Пелистер обоени во зелена боја и со навивачки реквизити.

За добрата забава се погрижија диџеј Андреј Ѓошев, Панчо од ДНК., Паркети, Brass brothers, Жаре бербер и Панки.

Покрај на стадион, чкембарите направија вистинско шоу на забавата во Битола.

Заедно со многубројните битолчани го заокружија двонеделното славење на вториот трофеј во клупската историја.