Со тупаници нападнал полицаец на Широк сокак

0
3167

На 16.06.2016 година околу 01,00 часот во Битола на ул.„Широк сокак“, двајца полициски службеници од ПС -Битола при преземање службено дејствие легитимирање, физички биле нападнати од Р.Л.(1987) од Битола, на тој начин што се нафрлил врз полицискиот службеник и со тупаници го удирал, а потоа го влечел за униформата која му ја искинал. Во истиот моментот другиот полициски службеник интервенирал, но Р.Л. и него физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на градите. Р.Л. е приведен во ПС-Битола.