Со убедлива залиха од три гола, Пелистер патува на Куп-реваншот во Прилеп

0
421

Пелистер ја продолжи одбраната на трофејот од Купот, освоен во мај годинава, па Оливер Пеев на стартот на вториот дел и Лукас со два гола во завршните десет минути му обезбедија голема предност на битолскиот клуб. Победа прва поведе, израмни пред крајот на првиот дел, но сила во вториот снема.

Откако Пелистер промаши пенал преку Иве Трифуновски, Александар Ристевски ги казни битолчани за водство на Победа, но набрзина домаќините се соземаа со головите на Гоце Тодоровски со два гола направија прв пресврт. Александар Наумоски израмни пред крајот на полувремето, по што следеше потоп за прилепчани во вториот дел.

Возвратниот натпревар се игра во Прилеп на 28 ноември.