Со уривањето на храмот во Палмира џихадистите направија воено злосторство

0
312

Уривањето на древниот храм Ваал-Шамил во античкиот град Палмира, кого го разнесоа во воздух џихадистите, УНЕСКО го оцени како воено злосторство.

,,Уништувањето е воено злосторство и неповратен губиток за сирискиот народ и човештвото” рече генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Храмот беше изграден пред речиси 2000 години во чест на семитското божество. А градот се сметаше за еден од најважните антички културни центри во светот.

Директорката на УНЕСКО рече дека екстремитите на Исламска држава најбрутално уништуваат древни локалитети, како што не било ни во Втората светска војна.

Без коментари

LEAVE A REPLY