Со велосипед битолчани го одбележаа Европскиот ден без автомобили

0
512

Со бели маици и на велосипеди битолчани се вклучија во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ упатувајќи силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно со избирање на „паметен“ начин на транспорт , што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа да се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

12027611_911658075536217_4282795045714065410_n

Учесници во овој настан беа ученици од основните училишта, граѓански здруженија и граѓани.Возењето на велосипедите започна од плоштад „Магнолија“ по „Булевар 1ви Мај“ до Црн мост и назад по „Булевар 1ви Мај“ до плоштад „Магнолија“.


Исто така, беа извлечени тројца среќни добитници на велосипеди .Во организацијата на овој настан освен општина Битола и градоначалникот д-р Владимир Талески, се вклучија и СВР-Битола, ЗГ „Биосфера“, Центарот за ран детски развој СУМНАЛ и граѓанската иницијатива „ Битола на точак„.