Со виртуелен пајтон низ Битола, перформанс за 4-ти ноември

0
404

Битола со низа свечени манифестации го слави 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на градот.

Во рамките на одбележувањето беше презентиран музичко сценскиот перформанс Со виртуелниот пајтон низ Битола.

Во истиот учествуваа актерите Никола Пројчевски и Маријан Ѓорѓиевски а во организација на студио Микс, а настапуваа и група Калабалак.

На перформансот беа презентирани неколку битолски легенди.

Викендот по повод роденденот на градот се одржа меѓународен натпревар во шах за слепи лица и мотокрос натпревар Тони Гулевски-Бабуш, во НУ. Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“беше отворена изложбата на книги, се одржа концерт на пејачката група „Сирма Војвода“.

На Широк сокак се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, за најмладите беше изведена театарската претстава Временска машина, а друштвото на ликовните уметници во салонот „Магаза“ организираа изложба.

Без коментари

LEAVE A REPLY