Со воз од Лондон до Токио

0
631

Патниците наскоро би можеле да патуваат од Лондон до Токио преку транссибирска железничка рута со должина од 13.518 километри.

Тоа е амбициозен проект на руската Влада.  Проектот ќе опфати изградба на мост долг 45 км што ќе овозможи премин за возот преку Источно Море. Со почетна станица од Лондон, патниците ќе можат да поминат низ Русија пред да стигнат до крајната дестинација: Ваканаи во Јапонија. Прелогот е опишан како „историски мост“, затоа што Москва и Токио не постигнаа спогодба и официјално помирување на антагонимот што настана по Втората светска војна кога Сталин ги припои Курилските Острови во 1945 година што оттогаш се предмет на територијален спор меѓу двете земји.

Возот ќе поминува низ Германија и Полска пред да стигне во Источна Европа.