Со закон сме обврзани да ги брифираме кандидатите

0
283

Претседателот Обама вели дека со закон, неговата администрација е обврзана да ги брифира главните претседателски кандидати по прашања за национална безбедност, вклучувајќи и доверливи информации.

Тука се вклучени демократката Клинтон и републиканцот Трамп.

За време на прес-конференција во Пентагон, Обама кажа дека главната цел на тие брифинзи е да се обезбеди дека новиот претседател, без оглед дали е демократ или републиканец, не ја преземе функцијата неподготвен.

Трамп кажа дека е загрижен оти изборите во ноември ќе бидат изманипулирани на негова штета. Претседателот Обама коментарот го нарече смешен.