Собир, марш, пленум и блокада

0
1476

Втора вечер по ред во Битола од 19 часот собир и марш на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Се собраа на плоштадот Магнолија од каде ги упатија пораките дека решение на политичката криза се изборите на 5 јуни.

13052680_10208153239420276_2128829692_o

И вечерва со марш преку Широк сокак, стигнаа до седиштето на опозициската СДСМ, каде имаше кордон полиција.

13072081_10208153514827161_1282723967_o

Кажаа не за како што велат деструктивното сценарио и аболиција на Зоран Заев и Верушевски.

13054670_10208153509467027_1537202923_o

Втор ден по ред оние кои протестираа неколку дена во Битола пред зградата на општина Битола и бараа повлекување на аболицијата што ја објави Иванов за политичари од власта и опозицијата и оставка од градоначалникот Талески и денеска кај Офицерскиот дом  од 19 часот одржаа Пленум на кој ги договараа чекорите и стратегијата на делување. По пленумот ја блокираа крстосницата кај ракометното игралиште.

Snap 2016-04-19 at 22.49.54

 

Без коментари

LEAVE A REPLY