Собир на ГДОМ во Битола

0
1125

Поддржувачите на ГДОМ и синоќа во Битола повторија дека излезот од политичката криза во Македонија се веќе закажаните парламентарни избори и јавно го осудија сквернавењето на спомениците од минатото што посебно се врши во главниот град на државата.

„ Како историчар не можам да премолчам на обидите за дестабилизација на Македонија, деструкција и обиди за инсталирано „Украинско сценарио“. Некои прaват обиди за закрвување на брат против брат, другар против другар, граѓанин проти граѓанин и ние тоа не смееме да го дозволиме. Се треба да заврши со избори на 5 јуни, истакна Ѓорги Чекутков.

bitola-2-1-640x480

Собирот на ГДОМ почна пред Офицерскиот дом, а заврши пред Градскиот часовник, на плоштадот „Магнолија“ во Битола, каде за денеска напладне повторно е закажан граѓански собир.