Собирање потписи против продажбата на Офицерскиот дом во Битола

0
1009

Тоше Ивановски-граѓански активист и со поддршка на Здружението за култура и уметност Машина од Битола започна со собирање потписи против продажбата на Офицерскиот дом во Битола. Како што вели во изјава за Тера, ова е неформална петиција, а веќе се изработува и он лајн петиција, е со цел да се каже не на ваквата одлука за продажба на еден културно-историски споменик кој е идентитет на градот и на битолчани.

1

„ Тоа е дел од идентитетот на Битола и на секој битолчанец, тоа е нешто како наш идентитет, тоа е толку приврзано за сите нас и сите што се потпишуваат и оние со кои разговарам, веруваме дека тие што објавиле продажбана објектот,  не промислиле добро, затоа што тој објект треба да биде за јавна намена, да биде на пример градска куќа, концертна дирекција и слично. Ваквата одлука за продажба не провредува сите нас како граѓани и ние треба да му кажеме на тие што го наумиле ова, дека ова нема да им помине. Која и да е причината, не е исправна. Ако се инвестира во разно-разни работи, во нови споменици или градби, ваков историски споменик не смее да се продава, тој е од исклучително значење“ вели Ивановски за Тера.

 

3

4

5

6

7

8

gator4060.hostgator.com