Собири за подршка на Ердоган во Скопје, Кичево и Гостивар

0
255

Му даваме силна поддршка на претседателот Ердоган што побргу да рачисти со пучистите. Ова е дел од обраќањето на почетокот на собирот за поддршка на Ердоган кој се одржува синоќа на скопскиот плоштад „ Филип Втори“. На почетокот беше пуштена македонската, а по неа и турската химна, која беше проследена со пеење од присутните.

„Го осудуваме крвавиот пуч и го подржуваме претседателот Ердоган, го молиме господ да ни даде сила да го расчистиме што побргу случајот, а на сите ранети им посакуваме побрзо да оздрават“, рече еден од присутните говорници.