Соборени три светски рекорди на митингот во Стокхолм

0
461

Три светски рекорди беа соборени на турнир во атлетика во сала во Стокхолм. Етиопката Гензебе Дибаба го подобри врвното достигнување во трката на 1 милја откако заврши за 4: 13.31 минути. Претходниот рекорд припаѓаше на Романката Дојна Мелинте (4:17.14), поставен пред 26 години.

Дибаба дојде до третиот светски рекорд во сала во Стокхолм. Пред тоа таа го подобри постигнувањата на 3000 и 5000 метри во истата сала. Ајнлех Сулејман од Џибути постави светски рекорд во нетрадиционална дисциплина – 1000 метри за мажи со време 2: 14.20 минути. Со тоа Сулејман за 0,76 секунди го подобри досегашното достигнување на Вилсон Кипкетер од 2000 година.
Врвно достигнување забележа и Абдалела Харун од Катар, кој прв истрча 500 метри под 1 минута или точно за 59,83 секунди.

Без коментари

LEAVE A REPLY