Собранието да функционира, партиите да го почитуваат СЈО

0
317

Неопходност од нормална работа на Собранието и отстранување на сите пречки за нормално функционирање на Специјалното јавно обвинителство, побара од партиите и лидерите денеска американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

Тој смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Собранието да работи нормално и да продолжи спроведувањето на Пржинскиот договор, бидејќи е важен фактор за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него.

Амбасадорот уште еднаш им го повтори ставот на партиските лидери дека  Брисел од нив бара имплементација на договорот од Пржино и движење на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО.