Собранието денеска треба да ги констатира оставките и да ги избере новите министри на ДУИ

0
354

Собранието на пленарна седница денеска треба да ги констатира оставките на министрите и на замениците министри од ДУИ, и потоа да ги избере новите министри и заменици што синоќа ги предложи партијата.

ДУИ во четвртокот вечерта објави дека ги повлекува сите министри од Владата, без јасно образложение, што остави да се шпекулира за значењето на потегот.

Во петокот оставки поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Од партијата на Али Ахмети вчеравечер објавија список со предлози за нови министри и заменици.