Собранието денеска треба да се самораспушти

0
286

Денеска на полноќ, според одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори, Собранието треба да се распушти. Пратениците во 13 часот ќе ја продолжат 98-та седница на која на дневен ред е и предлогот на СДСМ за измени во Законот за медиуми.

Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, веќе ја најави можноста за одложување на потпишувањето на решението за изборите за да има дополнително време за прочистување на избирачкиот список. ДИК за денеска најави јавна седница на која треба да биде разјаснето дали е при крај процесот на прочистување.

Изборите треба да бидат распишани веднаш по распуштањето на парламентот. Сепак, Вељаноски, во интервју за телевизијата Нова ја остави отворена можноста да ги закаже изборите неколку дена подоцна.

„Јас кажав дека на 7 април ќе биде распуштено Собранието. Тогаш останува на мене, според уставните надлежности што ги имам, да го донесам решението за распишување на изборите, кое се одредени да бидат на 5 јуни. Како претседател на Собранието, условно можам да тактизирам, и наместо на 7 април да го потпишам решението на 15 април, за да дадам можност ДИК да досреди некои работи, ако евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на избирачкиот список, бидејќи многу активности на ДИК за време на спроведување на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на изборите“, изјави Вељаноски.

Тој најави дека по распуштањето на парламентот ќе разговара со претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и ќе му ја понуди оваа опција.

Без коментари

LEAVE A REPLY